Одбрана

Армијата доби 70 нови подофицери

19.11.2021 14:03

Армијата доби нови 70 подофицери. Во периодот август-ноември во кампот за обука „Пепелиште“ се реализираше вториот курс годинава со слушатели од повеќе родови и единици. Претходно, во два наврати се промовираа 120 нови подофицери во Армијата од редовите на професионалните војници...

Македонската армија доби нови 70 подофицери во артилеријата и врските, пешадијата, во специјалните единици, воздухопловството, како и во интендантската, сообраќајната и санитетската служба. Најдобриот рангиран питомец што го заврши тримесечениот курс, Сашко Николов, рече дека нивната мисија не завршува тука, продолжуваат подготвени за новите предизвици што им претстојат.

Министерската за одбрана за идната година најави набавка на нови оклопни транспортери, за артилеријата нови орудија, додека за воздухопловниот винг нови армиски хеликоптери кои ќе почнат да се набавуваат од 2024 година. Таа го потенцира успехот на армијата во рекорден рок од 19 месеци, по добивањето на членството, да се интегрира во воената структура на НАТО.

Претходно во два наврата, курсот за подофицери успешно го завршија 120 професионални војници. Обуката за подофицери се состои од подофицерски одговорности, воени вештини, лидерство и етика, општи воени знаења и практични форми на обука и ситуациони вежби.

Игор Панов