Политика

Мицкоски: Ставовите на Гаши ми се познати, единствен излез се предвремени избори

19.11.2021 14:38

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека ставовите на претседателот на Алтернатива, Гаши му се познати и дека се во постојана комуникација. Мицкоски и натаму категоричен- единствен излез од состојбата се предвремени парламентарни избори. Уште еднаш упати апел до лидерите на земјите- членки на ЕУ да не дозволат да пропадне уште една шанса и Македонија да го добие заслуженото- старт на преговорите за членство...

Мицкоски не сака да коментира за исходот од средбата меѓу Заев и Гаши. Вели дека ставовите на претседателот на Алтернатива му се познати и дека се во постојана комуникација. Мицкоски додаде дека Гаши е лидер  на политичка партија и има своја структура и свои соработници, и тие ќе одлучат понатаму како да ја градат својата политичка иднина. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и натаму категоричен, единствен излез од оваа состојба се предвремени парламентарни избори.

Во однос на ставовите на пратеникот Кастриот Реџепи, Мицкоски вели дека и самиот тој не верува дека Македонија во декември ќе добие датум за преговори. Ова му беше мал политички маневар за да го оправда тоа што го направи пред седницата за гласање доверба на Владата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ упати апел до лидерите на земјите членки на ЕУ да не дозволат да пропадне уште една шанса а тоа е заслуженото-старт на преговорите за членство. Вели дека не го напуштил оптимизмот дека ќе добиеме датум.

Мицкоски смета дека Владата нема поддршка од 61 пратеник, туку само од 59. Смета дека со резерва треба да се земат изјавите на Заев. А од СДСМ уште еднаш со став дека имаат мнозинство во Собранието од 61 пратеник и дека тоа ќе се зголемува. Сепак од партијата велат дека секој договор за соработка ќе биде потврден од Централниот одбор. 

 

Милчо Велески