Европа

Ковид-19: Грција ги засилува мерките, Австрија воведува задолжителна вакцинација

19.11.2021 14:53

Грција ги засилува мерките за заштита од коронавирусот. Од понеделник на невакцинираните ќе им биде забранет влез во затворени јавни простории, дури и ако тестот е негативен. Во Австрија од понеделник стапува во сила целосен карантин во траење од 10 дена. Од први февруари вакцинацијата ќе биде задолжителна за сите...

Грција ги засилува мерките за заштита од коронавирусот. Од понеделник на невакцинираните ќе им биде забранет влез во затворени јавни простории, дури и ако тестот е негативен. Во обраќање до јавноста, премиерот Мицотакис ги повика Грците да се вакцинираат потенцирајќи дека новите мерки се слични како и во други европски земји.

„Од следниот понеделник, невакцинираните возрасни лица, веќе исклучени од затворените ресторани, веќе нема да можат да пристапуваат до други затворени простории. Ниту со прикажување негативен резултат од тестот „Ковид“. Тоа е директна акција за нивна заштита и секако индиректен поттик да се вакцинираат. Местата на вакцинирани лица над 60 години важи само седум месеци“, изјави премиерот Мицотакис.

Германија, Словачка, Чешка поради зголемен број на случаи со Ковид-19 го ограничија јавниот живот за невакцинираните. Во Австрија од понеделник стапува во сила целосен карантин во траење од 10 дена. Од први февруари вакцинацијата ќе биде задолжителна за сите со што Австрија станува прва земја од ЕУ што воведува општа обврска за вакцинација против коронавирус.

 

Марина Ристова