Нови 444 случаи со Ковид-19, починати 11 лица во последното деноноќие

19.11.2021 15:38

Вкупната бројка на Ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 211.382, бројот на оздравени пациенти е 195.624, на починати е 7.406, а бројот на активни случаи изнесува 8.352.

Во последните 24 часа направени се 2.938 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 190, Битола – 43, Прилеп – 27, Кавадарци – 19, Кочани – 16, Велес и Струмица – по 15, Охрид и Берово – по 13, Ресен – 11, Куманово и Штип – по 10, Тетово, Кичево, Гевгелија и Делчево – по 6, Крива Паланка и Кратово – по 5, Валандово – 4, Неготино, Свети Николе, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Радовиш и Пробиштип – по 2, Гостивар, Струга, Дебар, Виница и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 467 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: 3 починати лица од Скопје (67г, 75г и 79г) и по едно починато лице од Битола (53г), Велес (59г), Кавадарци (81г), Крушево (84г), Прилеп (66г), Пробиштип (73г), Радовиш (72г) и Штип (78г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 09.11.2021 до 16.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово(1), Струмица(1) и Битола (1). Починатите лица се на возраст од 65-80г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.

Вкупната бројка на Ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 211.382, бројот на оздравени пациенти е 195.624, на починати е 7.406, а бројот на активни случаи изнесува 8.352.

Досега во земјата се направени вкупно 1.442.544 тестирања на Ковид-19.