Енергетска криза

Битиќи уверува- струја ќе има

19.11.2021 16:04

Од идниот месец со работа почнуваат ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино, информира, вицепремиерот за економски прашања Битиќи. Апелира граѓаните да не стравуваат, струја ќе има и за компаниите...

Од идниот месец со работа почнуваат ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино, информира, вицепремиерот за економски прашања Битиќи. Посочува дека во тек е набавката на јаглен за ТЕЦ Осломеј. Тече тендерската постапка и за третиот блок на РЕК Битола што со работа се планира да почне во декември. Според Битиќи застареноста на капацитетите и невложувањето во нив се причина за дефектите. Тој е дециден дека енергетската состојбата и производството на електрична енергија се менаџира.

Според Битиќи, финансиската поддршка за енергетските компании во вредност од 65 милиони  евра е за период од шест месеци. Средствата ќе бидат насочени со цел да се надмине проблемот со електричната енергија. Апелира граѓаните да не стравуваат, струја ќе има и за компаниите.

Владата пред десет дена прогласи енергетска криза во траење од еден месец. Оттаму информираат доколку е потребно од јануари ќе се инјектираат дополнителни средства.

 

Дијана Ценевска