Интензивирање на економската соработка меѓу Македонија и Полска
Во рамки на посетата на претседателот Дуда на земјава, во Скопје одржан Македонско-полски бизнис форум. Компании од двете страни ги разгледуваа можностите за саработка. Потпишан и меморандум за разбирање меѓу двете агенции за инвестиции и промоција на извозот...

Одличните односи меѓу Македонија и Полска и пријателските чувства меѓу двата народи мора да се искористат за интензивирање на економската соработка, истакна директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Дејан Павлески во рамките на Полско- македонскиот бизнис форум. Според Павлески, форумот е можност за вмрежување и почнување на бизнис релации на над 60 македонски и полски компании.
Палевски и полскиот колега Дринда потпишаа и меморандум за соработка. Вкупната трговска размена со полска е 300 милиони евра, но нашиот извоз е за 4 пати помал од увозот, а полските инвестиции се на ниско ниво.
„Нашата трговска размена од 2015 е згоелмена за повеќе од четири пати и ова е многу важно и импресивно. Затоа сакаме да седнеме заедно на иста маса и да разговараме што може да сториме за нашиот регион и за македонската и полска економија“, рече Кшиштоф Дринда.
На формуот присуствуваа и македонскиот и полскиот претседател, Пендаровски и Дуда. Дојдовме со една заедничка цел, а тоа е да ја поддржиме економската соработка меѓу полските и македонските компании, истакна Пендаровски, додавајќи дека меѓу двете држави нема отворени прашања, туку само отворени можности.
Полскиот претседател Дуда, пак смета дека Македонија нуди одлични можности и е соврешно место за странски инвестиции, поради бројните олеснувања и асминистративната поддршка.
Марија Котовска
