Политика

Средба Заев- Гаши за влез на Алтернатива во владата

19.11.2021 16:30

Попладнево, во Клубот на пратениците, средба на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев со првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши. На маса – можното приклучување на пратениците од оваа партија кон парламентарното мнозинство и влез во Владата...

Ќе се зголеми ли парламентарното мнозинство- е клучното прашање кое деновиве треба да добие разрешница. Можноста за приклучување на пратениците на Алтернатива  и нивен влез во Владата  е темата средба на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.

Пратеникот и член на претседателството на Алтернатива, Скендер Реџепи, вчера изрази уверување дека партијата ќе донесе одлука да биде дел од Владата затоа што, како што кажа, интеграцијата на земјата во ЕУ е приоритет пред уривањето на власта. И од СДСМ рекоа дека зголемувањето на мнозинството е веќе завршена работа, а средбите на премиерот со лидерот на Алтернатива и други претставници на опозицијата ќе треба да обезбеди постабилно мнозиство во Собранието.

Пораки за заедничката заложба за одржување и зајакнување на реформскиот и европскиот курс на земјата, беа упатени и по вчерашната средба на Заев со пратеникот Кастриот Реџепи – пратеникот од БЕСА кој не се појави на собраниската седница за гласање на доверба на Владата, иако предходно ја подржа иницијативата на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Коалициониот партнер на Алтернатив, Алијасата на Албанците оценува дека и доколку ги преживее овие турболенции, Владата нема да опстане уште многу долго.