МЗТ Скопје Аеродром на крајот 8, српско – хрватска пресметка на “Фајнал фор“
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром испуштија капитална шанса да ја крунисаат сезоната во АБА лигата со победа, и по вторпат да обезбедат пласман во УЛЕБ Еврокупот.Во мечотпротив Раднички сами решаваа за својата судбина, кога беше најважно, не успеаја.А ги имаа сите параметри на нивна страна, почнувајќи од домашниот амбиент во исполнетата сала, противник кому натпреварувачки ништо не му значеше гостувањето во Скопје, можност да завршат во горната половина на табелата, што ќе беше место повисоко од нивната дебитантска сезона.

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром испуштија капитална шанса да ја крунисаат сезоната во АБА лигата со победа, и по вторпат да обезбедат пласман во УЛЕБ Еврокупот.Во мечотпротив Раднички сами решаваа за својата судбина, кога беше најважно, не успеаја.А ги имаа сите параметри на нивна страна, почнувајќи од домашниот амбиент во исполнетата сала, противник кому натпреварувачки ништо не му значеше гостувањето во Скопје, можност да завршат во горната половина на табелата, што ќе беше место повисоко од нивната дебитантска сезона. Конечно, амбиција за ново учество во второто по квалитет европско натпреварување, и најголемиот мотив, со победа да му се оддолжат на најдобриот кошаркар Тодор Гечевски за прекрасните две сезони кога ги освоија двојните круни, во неговиот проштален настап во јадранската лига.
Неспорно е дека имаа напорна и турбулентна година, испреплетена со повреди и замор кај играчите поради долгите патувања во евронастапите што го поремети ритамот и придонесе за променлива форма, па по поразот во последното коло завршија на 8 позиција, во конкуренција на 14 клубови од 7 земји. А имаа и подеми и падови. Ќе останат запаметени триумфот во белградска арена против најуспешниот во историјата Партизан и сигурната победа над Игокеа на гости, но и разочарувачките завршници во веќе добиени натпревари против Цибона и Партизан во Скопје, како и трите порази во продолжението. Колку и да боли неискористената шанса во последниот натпревар, сепак МЗТ втора година по ред беше вистински репрезент на македонската кошарка во најсилното регионално натпреварување, кое според рејтингот што го создаде во изминатите години е едно од најквалитетните 4 првенства во Европа. А до крајот на АБА сезоната останува уште најважниот настан, финалниот турнир во кој ќе учествуваат по две екипи од Србија и од Хрватска. Во периодот од 25 до 27 април, за титулата ќе се борат Црвена Звезда – Цибона, и Цедевита – Партизан.
