8.535 активни ковид- случаи во земјава, најголем број од нив во Скопје

22.11.2021 08:45

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 212.220, бројот на оздравени пациенти е 196.249, а на починати е 7.436.

Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје, при направени 2.633 тестирања, регистрирани се 389 нови случаи со Ковид-19, 18 починати и 317 оздравени пациенти.

Бројот на активни ковид случаи во земјава изнесува 8.535 случаи од кои најголем број 3.908 се во Скопје. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 212.220, бројот на оздравени пациенти е 196.249, а на починати е 7.436.

Состојбата со Ковид-19 во светот не стивнува. Според податоците, од почетокот на пандемијата се пријавени повеќе од 256.540 милиони случаи со Ковид-19. Повеќе од 5,1 милион заразени луѓе починаа.