САД

Петмина загинати и над 40 повредени откако возило влета во толпа на парада во Висконсин

22.11.2021 09:03

Началникот на полицијата во Ваукеша Ден Томпсон,изјави дека лицето зад воланот на возилото е уапсено. Властите соопштија дека итната помош пренела 12 деца и 11 возрасни во болниците...

Најмалку пет лица загинаа, а 40 се повредени вчера кога автомобил влета во толпата на божиќната парада во Ваукеша, Висконсин, соопшти денеска американската полиција.

„Во овој момент, можеме да потврдиме дека пет лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени. Сепак, тие бројки може да се променат кога ќе собереме дополнителни информации“, објави полицијата на Твитер.

Началникот на полицијата во Ваукеша Ден Томпсон,изјави дека лицето зад воланот на возилото е уапсено. Властите соопштија дека итната помош пренела 12 деца и 11 возрасни во болниците, а голем број од повредените биле префрлени во болници од страна на нивните семејства и пријатели. Инцидентот се случи во Ваукеша, мал град на 32 километри западно од Милвоки.

Сѐ уште не е познато дали инцидентот е поврзан со тероризам, но полицијата информира дека има повеќе опасност за населението.