Избори во Бугарија

Заев му ја честиташе победата на Радев

22.11.2021 09:08

Премиерот Зоран Заев синоќа во телефонски разговор му ја честитал победата на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев на претседателските избори...

Премиерот Зоран Заев синоќа во телефонски разговор му ја честитал победата на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев на претседателските избори.

Во телефонскиот разговор што го имав со Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, му ја честитав победата на претседателските избори и посакав добробит за нашиот сосед и за целиот бугарски народ. Се согласивме дека Бугарија и Северна Македонија ќе продолжат низ дијалог и меѓусебно разбирање да бараат решенија во име на заедничката европска иднина, стои на фејсбук профилот на премиерот Зоран Заев.