Политика

Заев утре се повлекува од лидерската позиција во СДСМ

22.11.2021 09:33

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев најави дека утре, на седници на Централниот и Извршниот одбор на партијата, ќе се констатира неговата оставка и ќе почне постапката за избор на нов партиски лидер...

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев најави дека утре, на седници на Централниот и Извршниот одбор на партијата, ќе се констатира неговата оставка и ќе почне постапката за избор на нов партиски лидер.

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши исто така посочи дека партиските органи утре ќе дискутираат дали да останат во опозиција или да ја прифатат поканата на Заев за членство во Владата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, вчера од Охрид не сакаше да коментира за оставките на Заев и неговиот наследник.

Дали ќе си даде оставка или не, нема да коментирам. И досега тој кажал, па порекол, оставаме да одлучи, да почекаме до вторник. Во врска со тоа кој ќе го замени, нели тој самиот брифирал дека оној што ќе биде со него на средбата со Гаши е негов фаворит за лидер и мандатар. Не се мешаме во работата на СДСМ, ние сме фокусирани на тоа да го исполниме она што сме го ветиле пред граѓаните – рече Мицкоски.

На средбата во петокот, Заев дојде со заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски, кој е член на ИО на СДСМ. Викендов тој не сакаше да коментира за медиумите дали ќе се кандидира на внатрепартиските избори во СДСМ.