Пет од вкуно осум откупувачи на тутун, веќе обезбедиле финансиски средства за исплата
Пет од вкуно осум откупувачи на тутун, веќе ги обезбедиле финансиските средства за исплата на тутунарите. Преостанатите треба да го сторат тоа до 15-ти декември до кога е законскиот рок за официјалниот почеток на откупната сезона. Мострите по кои ќе се цени предадениот род се навреме доставени до секој пункт. Квалитетот е подобар од лани, но се очекува дека оваа реколта количествата кои ќе се преземат ќе бидат помали...

Според најавите на монополите откупот на тутунот целосно ќе почне меѓу 5- ти и 10- ти декемеври, велат од Државниот инспекторат за земјоделство. Согласно Законот тоа треба да се случи најдоцна до 15-ти идниот месец. Досега пет од осумте регистрирани откупувачи обезбедиле пари за исплата на договорените количества.
Во државава се регистрирани вкупно 173 откупни пункта, а на повеќе од половината инспекторите веќе им направиле контроли за усполнување на условите. Навреме се доставени и мострите за проценка на класите.
Родот е многу поквалитетен од лани, велат тутунарите, но е помал од претходната реколта. Се очекува да тежи од 18.000 до 20.000 тони, а просечната цена да не биде под 220 денари за килограм. Оваа сезона, според новиот правилник, тутунот главно, ќе се откупува во три класи.
Во првата класа е зголемена и должината на тутунскиот лист, која ќе изнесува наместо до 12, до 14, а во втората класа до 18 сантиметри. Дел од земјоделците сепак се сомневаат и сметаат дека правилникот суштински нема да ги промени состојбите во однос на реалната цена која останува непроменета за класите, а повисока може да биде единствено со подобриот квалитет на тутунот.
Методија Трајков