Пандемија

40 деца со Ковид-19 хоспитализирани во „Козле“, четири од нив се на кислородна поддршка

22.11.2021 10:45

Во болиницата во Козле се хоспитализирани 40 деца со Ковид-19. Четири се на кислородна поддршка. Лекарите очекуваат зголемување на бројот на амбулантски прегледи и болничко лекување, поради пониските температури и престојот на затворено...

Едномесечни близначиња, со уште две деца поради отежнато дишење се на кислородна поддршка. За нив, како за уште четринаесетина хоспитализирани со коронавирус се грижат лекарите од детската болница „Козле“. Со посериозна клиничка слика се децата на училишна возраст, вели доктор Арнаудова – Даневска.

Во амбулнатите на болницата постојано се прегледуваат деца со висока темература, кашлица, тешко дишење. Лекарите се екипирани и подготевни за поголем број на пргледи и хоспитализации.

Досега бројот на заболени деца со коронавирус на возраст од 10 до 19 години е речиси 9.800. Додека бројот на помалите, од бебиња до деветгодишна возраст е околу три и пол илјади, покажуваат податоците на официјланата веб страна на Министерството за здравство.

 

Наташа Јанчиќ Менковски