Ковид-19

Трета ноќ немири поради ковид мерките во Холандија

22.11.2021 11:49

Немирите почнаа во Ротердам на 19-ти ноември кога полицијата со предупредувачки истрели и водени топови се обиде да ги растера демонстрантите кои фрлаа предмети, запалија полициски автомобили и оштетија имот.

Повторно немири во неколку градови во Холандија додека илјадници луѓе протестираа против новите мерки за Ковид-19. Немирите почнаа во Ротердам на 19-ти ноември кога полицијата со предупредувачки истрели и водени топови се обиде да ги растера демонстрантите кои фрлаа предмети, запалија полициски автомобили и оштетија имот.

Насилството се прошири во Хаг, а подоцна и во другите градови. Холандија воведе тринеделно делумно заклучување, откако бројот на новозаразени со Ковид-19 достигна нови рекордни нивоа и покрај тоа што 85 отсто од возрасните се целосно вакцинирани.