Свет
Венецуела: Партијата на Мадуро победник на изборите
22.11.2021 11:00
На гласање излегоа 41,8 насто од гласачите, односно околу 8,1 милион луѓе.

Владејачката социјалистичка партија на претседателот Николас Мадуро освои 20 гувернери на локалните и регионални избори во земјата. Три им припаднаа на опозициските политичари. На гласање излегоа 41,8 насто од гласачите, односно околу 8,1 милион луѓе.
На регионалните избори во 2017-та година, владејачката партија освои 19 гувернери, додека опозициските политичари освоија четири.
Според некои медиуми последните изборни резултати се назадување за лидерите на опозицијата, кои се вратија во изборниот процес по бојкотот на претседателските избори во 2018 година и изборите за конгресот во 2020 година.
