Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ со предност пред СДСМ
На прашањето, за која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори, 22,5 проценти од анкетираните се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, а 17,5 насто за СДСМ. ДУИ сè уште има најголема доверба меѓу партиите на македонските Албанци. Сепак, комбинирано, околу 40 отсто од анкетираните на прашањето одговориле – за ниедна партија, не сакале да кажат или немале одговор.

Институтот за политички истражувања од Скопје претстави резултати од ново испитување на јавното мислење. Телефонската анкета е спроведена од 19-ти до 21-ви ноември на репрезентативен примерок од 1.105 испитаници. Резултатите од анкетата покажуваат дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ е во предност пред владејачката СДСМ.
На прашањето, за која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори, 22,5 проценти од анкетираните се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, а 17,5 насто за СДСМ. ДУИ сè уште има најголема доверба меѓу партиите на македонските Албанци. Сепак, комбинирано, околу 40 отсто од анкетираните на прашањето одговориле – за ниедна партија, не сакале да кажат или немале одговор.
Според анкетата на ИПИС, граѓаните имаат поголема доверба во Мицкоски отколку во Заев – 18,2 проценти за Мицкоски наспроти 13,9 за Заев.
Анкетата покажува дека 44,3 проценти од анкетираните сметаат дека пратеникот Кастриот Реџепи бил принуден да не се појави на седницата на Собранието за гласање доверба на владата, а мнозинството испитаници стравува од зголемената инфлација.
Резултатите од анкетата на ИПИС се подложни на статистичка грешка од +/-3 проценти.
