Русија ја повлекува војската од украинската граница

31.03.2014 15:14

Русија постепено ја повлекува војската од украинската граница, соопшти портпаролот на руското Министерство за одбрана Олексиј Димитрашкивски. Тој навести дека тоа е поврзано со вчерашните преговори Лавров-Кери во Париз. Двајцата шефови на дипломатиите имаа дијаметрално спротивни ставови за иднината на Украина – унитарна држава според САД и федерализација според Русија. Зад кулисите на разговорите, Вашингтон најверојатно се согласи дел од барањата на Москва.

„Со украинската влада ќе соработуваме на следните приоритети: правата на малцинствата, јазикот, демобилизација и разоружување на редовната војска и на провокаторите и сеопфатни уставни реформи, слободни и фер избори набљудувани од меѓународната заедница“, изјави Џон Кери, државен секретар на САД.

Шефот на руската дипломатија Лавров денеска во Париз разменува мислења и со неговиот француски колега Фабиус. На Кримво Симферопол, при ненадејната посета, премиерот на Русија Медведев најави создавање на специјална економска зона на полуостровот.

„Целта ни е да создадеме атрактивна инвестициска зона. Затоа подготвуваме специјални даноци, царински правила и бирократска процедура“, вели Дмитриј Медведев, премиер на Русија.

Руската федерална имиграциска служба на Крим и во Севастопол веќе примила 60 илјади барања за издавање руски пасоши. Досега се издадени 15 илјади. По Калининград на Балтикот, Крим станува јужна морска порта на Русија.

Ивана Салтировска