Имунизација

Расте интересот за вакцинација по најавата за нови ковид-мерки

22.11.2021 13:53

Според лекарите, расте интересот за прва доза. Ако досега најголем процент од вакцинираните се луѓе над 60 години, сега сè почесто на пунктовите доаѓаат и млади...

Во изминатите денови во поликлиниките е пораздвижено. Новите предлог-мерки за заштита од Ковид-19, иако сè уште недонесени, постепено ги предомислуваат граѓаните кои досега не сакаа да се имунизираат против смртоносниот вирус. Според лекарите, расте интересот за прва доза. Ако досега најголем процент од вакцинираните се луѓе над 60 години, сега сè почесто на пунктовите доаѓаат и млади.

Без поголем метеж се одвива вакцинацијата во земјава. Интерес има и за третата „бустер“ доза на „Фајзер“. Дел од граѓаните, кои беа пред поликлиниките веќе се имунизирале по трет пат. Велат, тоа е единствена заштита против вирусот.

Од Министерството за здравство информираат дека 57% од граѓаните над 40 години се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Најголем е опфатот за вакцинација има кај повозрасната популација.

Според последните податоци, 39 проценти од населението е вакцинирано со две дози против Ковид-19, додека со трета бустер доза над 63.000 граѓани.

Викторија Милевска