Грозданова: Недозволиво е здравствените работници да бидат промотори на невакцинирање
Треба да се работи на подигање на свесноста на граѓаните за придобивките од имунизацијата, да не подлегнуваат на лажните вести, туку да ги следат стручните сознанија, порачува универзитетската професорка и претседателка на Националниот комитет за вакцинација, Александра Грозданова. Вели, меѓу здравствените работници не им е место на оние кои се противат на научните достигнувања …

Недозволиво е здравствените работници да бидат промотори на невакцинирање. Доколку не веруваат во науката, нема потреба да бидат дел од здравствениот систем, смета претседателката на Националниот комитет за имунизација и универзитетска професорка Александра Грозданова.
Грозданова посочува дека можно е вакцината против ковид да се модифицира зависно од соевите, како онаа за сезонскиот грип која се модифицира со четирите соеви кои се доминантно циркулирачки.
Сите заложби треба да бидат да се спречат лажните вести кои се погубни и да се подигне свеста на граѓаните па досегашните 48 проценти вакцинирани да се зголемат час поскоро.
Грозданова посочи дека вакцините се ефикасни, ако едно лице прележано Ковид-19 и има високо ниво на антитела, нема никаква здравствена последица да прими вакцина, како и дека и Светската здравствена организација препорачува, дека вакцината треба да се прими најбрзо што може да може после оздравувањето.
Фиљана Кока
