„Младите размислуваат“

Медиумската писменост стаува дел од наставните програми

22.11.2021 14:06

„Младите Размислуваат“- проект за медиумската писменост. Го спроведуваат УСАИД и Мнистерството за образование и наука. Ќе се работи на вклучување на медиумската писменост во наставните програми, почнувајќи од најмладите, па сѐ до универзитетите...

Проектот „Медиумска писменост“ е дел од реформите во образованието. Преку него ќе се обучуваат наставниците да пренесуваат знаења и вештини кај учениците, кои ќе научат да ги пресретнуваат лажните вести, секогаш да се служат со вистински информации и критички да размислуваат.

Со новата концепција, медиумската писменост се изучува како посебна тема во наставните програми по мајчин јазик, македонски, албански, турски, српски и босански. Наставникот има обврска да ја интегрира медиумската писменост со останатите теми и подрачја со цел да им овозможи на учениците да ги поврзат знаењата од различните области во целата учебна година.

Медиумската писменост денеска значи многу повеќе, таа ги опфаќа способностите да пребарувате, критички да оценувате и да проценувате најчесто меѓусебно конфликтни информации за да се создаде дебата и да се одбрани мислење кое е базирано на факти и на докази, рече американската амбасадорка Брнз.

Воведувањето медиумска писменост треба да помогне во создавање генерации кои имаат повеќе знаења и алатки за справување со лажните вести.

 

Александра Спировска