Опожарените куќи во „Циглана“ повторно се градат

31.03.2014 15:21

Владата, во соработка со општина Бутел, за нивната реконструкција, издвои околу 20 милиони денари...

Триесетината опожарени куќи, кои изгореа кон крајот на минатата година во месноста „Циглана“ повторно се градат. Владата, во соработка со општина Бутел, за нивната реконструкција, издвои околу 20 милиони денари.

„Со една добра динамика се одвивда реконтруикцијата, и очекуваме за месец- два, зависно од тоа како ќе се одвиваат градежните работи овие куќи целосно да бидат реконструирани. Ова беше нешто што го ветивме како влада, и еве денес сум тука на лице место да видам како се довива реконтрукцијата на куќите. Инаку најголем дел од средствата се од буџетот на Министерството за транспорт и врски, односно околу 10 милиони денари“, изјави денеска министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.