Здравство

155 нови случаи со Ковид-19, починати 13 лица

22.11.2021 15:54

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.375, бројот на оздравени пациенти е 196.636, на починати е 7.449, а бројот на активни случаи изнесува 8.290.

Во последните 24 часа направени се 1.179 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 113, Кавадарци – 8, Куманово и Битола – по 6, Прилеп и Кочани – по 4, Ресен – 3, Охрид, Гевгелија и Неготино – по 2, Струга, Крива Паланка, Берово, Делчево и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 387 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 24 часа починале 13 лица: 4 починати лица од Велес (84г, 83г, 72г,  и 69г), по 3 починати лица од Скопје (68г, 63г  и 50г), по 2 починати лица од  Куманово (67г и 64г) и по едно починато лице од Прилеп (50г), Битола (68г), Штип (69г) и Крива Паланка (82). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.375, бројот на оздравени пациенти е 196.636, на починати е 7.449, а бројот на активни случаи изнесува 8.290.

Досега во земјата се направени вкупно 1.450.215 тестирања на Ковид-19.