Трагедија во Бугарија
Османи: Меѓу жртвите и млади парови кои го искористиле продолжениот викенд
23.11.2021 08:54
Жртви, како што рече Османи, се и млади парови кои го искористиле продолжениот викенд, имајќи предвид дека вчера беше празник – Ден на албанската азбука.

Министерот за надворешни Османи, пристигна во болницата „Пирогов“ во Софија да ги посети преживеаните во трагичната автобуската несреќа во Бугарија, во која живото го загубија 45 македонски државјани.
Тој изјави дека туристичката агенција е од Скопје. Жртви, како што рече Османи, се и млади парови кои го искористиле продолжениот викенд, имајќи предвид дека вчера беше празник – Ден на албанската азбука.
Османи смета дека повеќето граѓани се од Скопје.
