Трагедија во Бугарија

Филипче: Преживеаните се во стабилна состојба (ВИДЕО)

23.11.2021 09:15

Филипче упати благодарност за брзата реакција на бугарските власти.

Министерот за здравство, Венко Филипче во изјава за новинарите пред болницата „Пирогов“ рече дека ги посетиле лицата кои преживеале во страшната автобуска несреќа, во која животот го загубија 45 македонски граѓани.

„Сите се во стабилна здравствена состојба. Станува збор за полесни повреди. Кај еден од повредените можеби ќе треба да се направи хируршки зафат бидејќи има скршеница“, посочи Филипче.

Филипче упати благодарност за брзата реакција на бугарските власти.