Трагедија во Бугарија

Радев до Пендаровски: Десетиците изгубени животи се непростлива загуба

23.11.2021 09:25

Во име на бугарскиот народ и во свое име, претседателот Румен Радев изрази искрено сочувство до семејствата и роднините на загинатите граѓани на Република Северна Македонија, како и надеж за брзо закрепнување на жртвите од катастрофата.

Шефот на бугарската држава, Румен Радев, утринава му изрази сочувство на својот колега, претседателот на Пендаровски, за тешката сообраќајна несреќа на автопатот Струма, во која загинаа неколку десетици македонски патници.

Во име на бугарскиот народ и во свое име, претседателот Румен Радев изрази искрено сочувство до семејствата и роднините на загинатите граѓани на Република Северна Македонија, како и надеж за брзо закрепнување на жртвите од катастрофата.

„Во ова тешко време, Бугарија и Република Северна Македонија делат заедничка тага, солидарност и емпатија. Десетиците изгубени животи се непростлива загуба за нашите братски земји“, наведува претседател Радев.

Шефот на бугарската држава ги повикува одговорните институции да ги утврдат причините кои довеле до тешката сообраќајна несреќа, како и да им дадат навремена поддршка на преживеаните во несреќата.