Се гради втората фаза од фекалната канализација во Радишани

31.03.2014 15:33

Градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески извршија увид во планираните активности за изградбата на фекална канализација...

Завршуваат градежните работи на канализацискиот систем за населбата Радишани. Последната делница е долга 500 метри. Со овој зафат ќе се реши проблемот на околу  300 жители. Инвестицијата вреди 50 илјади евра.

Градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески извршија увид во планираните активности за изградбата на фекална канализација.

„Вкупната должина на оваа фекална канализација изнесува некаде околу 14 километри. Се работеше етапно, неколку години. Некои очекуваа дека реката Серава може да биде еколошка бомба и дека околу 5.000 жители ќе бидат загрозени, но таа желба нема да им се оствари на сите оние кои мислеа дека градоначалникот, заедно со владата, овој проект нема да го реализира“, изјави градоначалникот Латиновски.

Министерот Јанакиески при денешниот увид на планираните активности информира дека се работи на изградба на дополнителни 424 метри од главениот собирен колектор со 15 ревизиски шахти, како и собирен канал во должина од 137 метри и 9 шахти. Вредноста на проектот е 42.905 евра или 2.638.657 денари.