Јанев: Бугарија ги презеде сите неопходни активности за да се истражи страшната сообраќајна несреќа

23.11.2021 10:23

Ова е огромна и неопислива трагедија која не потресе. Во моментов, активностите се во рацете на истражните органи, изјави премиерот Јанев...

Бугарската држава реагираше во најбрз можен рок и ги презеде сите неопходни дејствија за да се истражи оваа страшна сообраќајна несреќа. Истовремено се води неопходна грижа за преживеаните, изјави привремениот премиер на Бугарија, Стефан Јанев во објава на официјалната Фејсбук страница на бугарската Влада.

Јанев изразува сочувство до роднините на загинатите во несреќата на автопатот Струма.

Ова е огромна и неопислива трагедија која не потресе. Во моментов, активностите се во рацете на истражните органи. Кога ќе се направи потребното, ќе може да се коментира за причината што довела до толку многу жртви. Нека си ја завршат работата истражните органи, изјави Јанев.