Спасовски: Tим на МВР веќе е на пат за Бугарија и стои на располагање за помош
Очекувам брза и сеопфатна реакција на надлежните служби. Нашите мисли и молитви се и со повредените. Од срце посакувам нивно брзо закрепнување и што поскоро враќање во нивните домови, напиша Спасовски на Фејсбук.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информира дека по телефонскиот разговор со неговиот бугарски колега Рашков, тим на Министерството за внатрешни работи предводен од помошник директорот на униформирана полиција, а составен од претставници на Секторот за сообраќајната полиција и Одделот за криминалистичко- технички испитувања и вештачења веќе е на пат за Бугарија и стои на располагање за помош и поддршка на бугарските колеги.
Очекувам брза и сеопфатна реакција на надлежните служби. Нашите мисли и молитви се и со повредените. Од срце посакувам нивно брзо закрепнување и што поскоро враќање во нивните домови, напиша Спасовски на Фејсбук.
Спасовски изрази сочувство до семејствата на загинатите во автобуската сообраќајна несреќа што рано утрово се случи во Бугарија.
