Трагедија во Бугарија

Бугарското обвинителство почна истрага на местото на сообраќајната несреќа

23.11.2021 11:14

Бугарскиот министер за внатрешни работи, Бојко Рашков, кој беше на местото на несреќата со премиерот Стефан Јанев, изјави дека причината за несреќата ќе биде детално разјаснета за време на истрагата, која веќе е во тек. Тој нагласи и дека покрај запалениот, имало уште три автобуса, а автобусот кој се запали се движел последен.

Премирот Заев, министрите за здравство и за надворешни работи, Филипче и Османи во Бугарија, по несреќата во којашто загинаа 45 лица, меѓу кои и 12 деца.

Бугарското јавно обвинителство почна истрага на местото на страотната сообраќајна незгода со која треба да се утврдат причините за несреќата.

Бугарскиот министер за внатрешни работи, Бојко Рашков, кој беше на местото на несреќата со премиерот Стефан Јанев, изјави дека причината за несреќата ќе биде детално разјаснета за време на истрагата, која веќе е во тек. Тој нагласи и дека покрај запалениот, имало уште три автобуса, а автобусот кој се запали се движел последен.

„Трагедија што не потресе и која побара од бугарската држава да реагира што е можно побрзо за да се истражи оваа сообраќајна несреќа – кои се причините за неа, што доведе до смрт на 46 лица и каква нега може да им се понуди на оние што преживеале“, изјави привремениот премиер Јанев.

„Вакво нешто не сум видел, разговарав со колегите, луѓето се скршени, внатре се претворија во пепел. Затоа никој не може да каже колку луѓе има внатре, ниту кои се тие. Тие треба да се идентификуваат. И оттаму, што е многу тешко, да се идентификува секој човек по човек“, рече привремениот министер за внатрешни работи, Рашков.

„Четири автобуси влегоа  на пат од Истанбул. Информирани сме дека во овој автобус патувале 52 лица, меѓу кои и 12 деца. Во ургентната болница Пирогов во моментов има преживеани, во добра состојба, животот не им е во опасност – 7 лица. Математиката покажува дека 45 починале, меѓу нив и 12 деца“, изјави Борислав Сарафов, шеф на националната истражна служба, заменик главен обвинител.

Од МВР соопштија дека идентификацијата на загинатите ќе се одвива со ДНК и дека се уште е рано да се соопштат имињата на жртвите во несреќата.

 

Ирина Гелевска