Сочувство до семејствата на загинатите во несреќата
Пристигнаа телеграми со сочвуство за настраданите во несреќата. Пендаровски, Радев, Вучиќ меѓу првите кои изразија сочувство до семејствата на загинатите...

Претседателот Стево Пендаровски изрази најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените во сообраќајната несреќа што се случи во Бугарија.
„Во овие тешки мигови изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на сите лица и наши сограѓани кои ги изгубија своите животи и беа повредени во страотната сообраќајна несреќа што се случи на територијата на соседна Бугарија“, напиша Пендаровски на својот Фејсбук профил.
Тој очекува надлежните да спроведат целосна истрага, да се утврдат причините и одговорноста за трагедијата, која, како што наведува, не се памти во нашата понова историја. И премиерот Зоран Заев изрази сочувство за загинатите, кој наведе дека е голема трагедијата, голема е нашата болка и изразчи сочувство до семејствата на загинатите.
Писма и пораки за сочувство испрати државниот врв на Бугарија, на Албанија, претставници на Европската унија.
Претседателот Румен Радев посочи - во ова тешко време, Бугарија и Република Македонија делат заедничка тага, солидарност и емпатија. Десетиците изгубени животи се непростлива загуба за нашите братски земји.
Претседателот Вучиќ упати телеграма во која наведе - Србија и сега е со вас, подготвена да ја пружи сета потребна помош и поддршка, бидејќи не сте сами во оваа трагедија.
Преку официјалните „Твитер“ профили грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и Министерството за надворешни работи на Грција изразија сочувство до семејствата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија.
Александра Спировска
