Расте бројот на работници во индустријата

31.03.2014 15:44

Според податоците на Државниот завод за статистика, за 6,8% е зголемен бројот на работниците во индустријата во февруари...

За 6,8% е зголемен бројот на работниците во индустријата во февруари 2014 во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 
 
Според податоците бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен бележи опаѓање од 0,8 %, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 8,1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,7 %. 
 
Според главните индустриски групи, бројот на работниците бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,9 %, Капитални производи за 75,4 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 3,3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,4 %, додека опаѓање има кај Енергија за 1,8 %.