Трагедија во Бугарија

Светските медиуми известуваат за несреќата

23.11.2021 11:58

Светстките медиуми известуваат за несреќата во која загинаа 45-мина македонски државјани во Бугарија.

Вест која го обиколи светот. Најмалку 45 загинати патници во сообраќајната незгода која се случи во зпадана Бугарија, јавува Би-Би-Си. Инцидентот се случил во два часот по локално време, автобусот бил со македонски регистерски таблички, седум патници успеале со изгореници да се спасат.

Според британскиот јавен сервис, автобусот удрил во матинелата на автопатот по што се запалил. „Дојче веле“ на македонски пишува дека и македонски крим-техничари се вклучуваат во истрагата. Тимот на Министерството за внатрешни работи, предводен од помошник директорот на униформирана полиција, а составен од претставници на секторот за сообраќајната полиција и одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења веќе е на пат за Бугарија и стои на располагање за помош и поддршка на бугарските колеги.

„Сите се граѓани на Северна Македонија, од повеќе националности се, но има и еден граѓанин од Прешево, Србија, кој заедно со вереницата од Куманово бил во Истанбул на прошетка. Во листата видовме и дека има едно лице со белгиско државјанство“, изјавил премиерот Заев кој изутринава замина на местото на несреќата.

И „Асошиејтед прес“ пишува за инцидентот и за изгоирениот автобус. Техничкиот министер за внатрешни на Бугарија, Рашков изјавил по посетата на местото на несреќата дека немал видено ништо позастрашувачки во животот. АП јавува и дека и бугарскиот премиер Јанев испратил сочуство до роднините на загинатите.

За несреќата во која загинаа 45 патници пишуваат и сите регионални медиуми, како и медиумите од Германија, Австрија и другите западноевропски јавни и приватни телевизии и радија.

 

Зоран Богатинов