Трагедија во Бугарија

МНР формираше кризен штаб за несреќата

23.11.2021 12:14

Имајќи ја во предвид тешката несреќа во која многу македонски државјани ги изгубија своите животи, во МНР веќе фунционира кризен штаб во врска со несреќата.

Министерството за надворешни работи формираше кризен штаб за несреќата.

Имајќи ја во предвид тешката несреќа во која многу македонски државјани ги изгубија своите животи, во МНР веќе фунционира кризен штаб во врска со несреќата.

Истовремено, упатени се двајца дипломати на испомош на амбасадата на Северна Македонија во Софија со цел да помогнат околу сите процедури поврзани со трагичниот настан.

МНР отвори и специјална телефонска линија 075-273-732 на која сите загрижени граѓани и роднини ќе можат да се обратат за дополнителен совет.