Трагедија во Бугарија

Вратите на „Беса транс“ останаа затворени

23.11.2021 14:25

Родните на патниците во кобниот автобус се пожалија дека не добиле никаква информација. За сообраќајната несреќа дознале од социјалните мрежи. Без успех заврши и обидот на медиумите да исконтактираат со сопствникот на агенцијата.

Вратите на туристичката агенција „Беса транс“  утринава останаа затворени. Родните на патниците во кобниот автобус се пожалија дека не добиле никаква информација. За сообраќајната несреќа дознале од социјалните мрежи. Без успех заврши и обидот на медиумите да исконтактираат со сопствникот на агенцијата.

Од Министерството за транспорт и врски, информираат дека компанијата „Беса транс“ имала лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници, со важност до 8-ми август 2022 година, но како што велат од ресорот, откако ја добил лиценцата, превозникот се нема обратено до Министерството за транспорт и врски со барање за добивање извод од лиценца за ново набавено возило.

Дијана Ценевска