Трагедија во Бугарија
Дујовски: Најчест причинител за ваквите несреќи е човекот, да го почекаме извештајот на истражните органи
23.11.2021 14:34
Ова е трета најголема несреќа од независноста на земјава. Најчест причинител за вакви сообраќајни несреќи е човечкиот фактор...
Ова е трета најголема несреќа од независноста на земјава. Најчест причинител за вакви сообраќајни несреќи е човечкиот фактор, а потоа техничката исправност на возилото, вели Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност. Според него, треба да се почека со извештајот од бугарските истражители, на кои од денеска им се приклучија и наши од Министерството за внатрешни работи и на Јавното обвинителство.
