Одложени состаноците во СДСМ и Алтернатива

23.11.2021 15:33

На состаноците требаше да биде констатирана оставката на лидерот на партијата Заев. Одложен и најавениот состанок на раководството на Алтернатива, која треба да одлучи дали ќе влезе во владината коалиција.

СДСМ ги одложи денешните седници на Централниот и Извршниот одбор заради автобуската несреќа во Бугарија, соопштија од владејачката партија. СДСМ и целиот наш народ е во болка и тага поради страшната трагедија што се случи во Бугарија. Закажаните состаноци на партиските тела се одложени. Сочувство до семејствата и целиот наш народ, соопштуваат од СДСМ.

На состаноците требаше да биде констатирана оставката на лидерот на партијата Заев. Одложен и најавениот состанок на раководството на Алтернатива, која треба да одлучи дали ќе влезе во владината коалиција.

Откажувањето на состанокот на претседателството, како што велат оттаму, е во знак на солидарност со жртвите од трагедијата во Бугарија и нивните семејства.