Годинава започнува обновата на пругата Битола- Кременица
Во втората половина од годинава се очекува да почнат градежни активности за обнова на железничката пруга Битола-Кременица, со изградба на крак до индустриската зона Жабени, најави денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Проценетата вредност на инвестицијата, посочи Јанакиески, е 20 милиони евра, а финалната ќе зависи од понудите на компаниите.

„Во текот на оваа година ќе започнат градежните работи. Постапката за надзор е објавена, целокупната тендерска документација за градежни работи е одобрена од страна на Европската делегација, очекуваме во текот на април да биде објавена. Периодот за пријавување на компаниите е 90 дена. Оваа година ќе случиме договори и ќе започнеме со градежните работи“, изјави Јанакиески.
Министерот оценува дека изградбата на пругата е значајна за развој на регионот и за железничкото поврзување со Грција, како и за индустриската зона Жабени.