Македонија

Тридневна жалост по трагедијата во Бугарија

24.11.2021 09:21

Знамињата се на половина копје во сите институции во земјава, како и во нашите амбасади и козуларни претставништава во странство.

Во земјава прогласена тридневна жалост по трагедијата. Знамињата се на половина копје во сите институции во земјава, како и во нашите амбасади и козуларни претставништава во странство.

Денеска ден на жалост и во Бугарија. Им се оддава почит на жртвите во автобуската несреќа, но и загинатите во вчерашиот пожар во болница во Бугарија. И косовските власти донесоа одлука денешниот ден да го прогласат за ден на жалсот во знак на пчочит кон граѓаните на Северна Македонија кои загинаа во автобуската несреќа во Бугарија.

Пред зградата на Македонската амбасада во Софија, бугарски граѓани вчера положуваа цвеќе, оставаа играчки и запалија свеќи за загинатите во тешката сообраќајна несреќа.