Продолжуваат да пристигнуваат телеграми со сочувство за трагичниот настан
Стејт Департментот и американскиот народ изразуваат длабоко сочувство до граѓаните на Северна Македонија поради трагичната загуба на животи. Нашите срца се со сите ужалени, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, напиша Блинкен на Твитер.

Телеграми со сочувство за трагичниот настан и натаму продолжуваат да пристигнуваат. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен упати изрази на сочувство до граѓаните на Северна Македонија поради загубените животи во автобуската несреќа.
Стејт Департментот и американскиот народ изразуваат длабоко сочувство до граѓаните на Северна Македонија поради трагичната загуба на животи. Нашите срца се со сите ужалени, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, напиша Блинкен на Твитер.
Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство до претседателот Стево Пендаровски. Примете длабоко сочувство поради загинувањето граѓани на вашата земја, вклучително и деца, се наведува во телеграмата. Се упатува искрено сочувство и поддршка до роднините и блиските на загинатите.
Од името на германската влада, сочувство преку Твитер испрати и државниот министер за Европа, Михаел Рот.
