Ковид-19

Нов Зеланд: Границите ќе бидат затворени и во следните пет месеци

24.11.2021 10:41

Целосно вакцинираните странци ќе можат да влезат во Нов Зеланд од 30 април 2022 година, соопшти министерот задолжен за одговор на Ковид-19.

Границите на Нов Зеланд ќе бидат затворени за повеќето луѓе во следните пет месеци, соопшти владата објавувајќи ја стратегијата за олеснување на ограничувањата за патување што се во сила од март 2020 година.

Целосно вакцинираните странци ќе можат да влезат во Нов Зеланд од 30 април 2022 година, соопшти министерот задолжен за одговор на Ковид-19.

Земјата спроведува едни од најстрогите ограничувања поради Ковид-19.