Пандемија
Јужна Кореја со рекорден број нови случаи со Ковид-19
24.11.2021 11:02
Во Јужна Кореја целосно се вакцинирани 79,1 насто од 52 милиони жители, додека со третата доза се вакцинирани само 4,1 проценти од населението.

Рекорден број на новозаразени со Ковид-19 во Јужна Кореја. Корејската агенција за контрола и превенција на болести извести дека е можно воведување план за итни случаи во случај капацитетите на интензивна нега да надмине 75 проценти пополнетост.
Во Јужна Кореја целосно се вакцинирани 79,1 насто од 52 милиони жители, додека со третата доза се вакцинирани само 4,1 проценти од населението.
Јужна Кореја е меѓу првите земји каде се појави коронавирусот, откако беше евидентиран во Кина кон крајот на 2019 година.
