Автобуска несреќа во Бугарија

Повредените остануваат во „Пирогов“ до петок, потоа ќе се прави план за транспорт во Скопје

24.11.2021 12:16

На двајца пациенти им е извршен хируршки зафат, еден е опериран на ногата, а помал хируршки зафат е извршен кај девојка, на која и е оперирано коленото, тие се чувствуваат добро...

Седумте повредени патници од страотната несреќа која се случи вчера во Бугарија, ќе останат на болничко лекување во софиската болница „Пирогов“до петок, а потоа ќе се направи план за нивен транспорт во Скопје, информираат од Министерството за здравство.

Министерот за здравство Филипче, утрово разговарал со д-р Иван Поромански, директор на болницата каде се хоспитализирани повредените патници.

Како што информираат од здравство сите пациенти се стабилни и се под постојан лекарски надзор, а дадена им е и психолошка поддршка. На двајца пациенти им е извршен хируршки зафат, еден е опериран на ногата, а помал хируршки зафат е извршен кај девојка, на која и е оперирано коленото, тие се чувствуваат добро.