Енергетика
Кадровски промени во РЕК Битола и во РЕК Осломеј
24.11.2021 12:21
Од ЕСМ најавуваат дека во наредните денови ќе бидат извршени и други кадровски поместувања во управувачката структура во двата комбинати, што ќе имаат за цел подобрување на процесот на производство...

Управниот одбор на АД ЕСМ донел одлука за разрешување на директорите на РЕКБитола и на РЕК Осломеј, Златко Ќурчевски и Златко Пиперкоски. На нивно место за в.д. директори на комбинатите се поставени Пеце Матевски и Стојан Мицкоски.
Од ЕСМ најавуваат дека во наредните денови ќе бидат извршени и други кадровски поместувања во управувачката структура во двата комбинати, што ќе имаат за цел подобрување на процесот на производство и соочување со предизвиците од енергетската криза.
