Османи: Се надевам на темелна истрага која ќе ги покаже вистинските причини за несреќата
Се надевам на темелна истрага која ќе ги покаже вистинските причини за несреќата. Доколку е човечки фактор, да се преземат сите неопходни мерки. Министерот за надворешни Османи и денеска во софиската болница. Ги посети повредените. Тие се стабилна состојба. Во тек е идентификацијата на жртвите во несреќата...

Се надевам дека оваа истрага ќе се одвива темелно, да се одредат вистинските причини за трагедијата и доколку навистина има човечки фактор зад тоа, да се преземат сите неопходни мерки, изјави денеска во Софија министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Според информациите коишто ги имам, истрагата е во тек, ја водат државните власти во Република Бугарија, наши претставници има во тие екипи да помогнат. Ние имаме можности дополнително доколку се појави потреба да таква експертиза, додава шефот на дипломатијата.
Во одговор на новинарско прашање дали разговарал со повредените околу несреќата, Османи рече дека дел од нив се во тешка психичка состојба.
