Македонија

Димитров ќе учествува на конференција за „Отворен Балкан“

24.11.2021 14:11

Вицепремиерот Димитров денеска ќе биде говорник на политичкиот панел во рамки на конференцијата „Отворен Балкан – Пат кон стабилизација, соработка и просперитет на регионот“...

На покана на организаторите - Народното собрание на Република Србија, Српско-американскиот конгрес за пријателство и Источно-западниот мост, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска ќе биде говорник на политичкиот панел во рамки на конференцијата „Отворен Балкан – Пат кон стабилизација, соработка и просперитет на регионот“.

На панелот ќе се афирмира политичкото значење на оваа иницијатива за регионот и од аспект на европската интеграција, а ќе се обратат и премиерката на Србија Ана Брнабиќ и премиерот на Албанија Еди Рама, како и специјалниот претставник на САД за Западниот Балкан Габриел Ескобар и специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак, соопштуваат од СЕП.