Бочварски: Истрагата ќе покаже кои се пропустите
Без соодветна докуменатција автобусот со кој се случи сообраќајната несреќа успеал да мине три гранични премини. Сопственикот „Беса транс“ не го пријавил возилото во Министерството за транспорт согласно со законските прописи. Министерот Бочварски во интервју за МТВ вели - инспекциските конторли за работа на лиценцираните компании ги врши Инспекторатот, а граничните контроли се должни да проверат дали возилата имаат лиценца за превоз.
Сопственикот на автобусот не го пријавил возилото согласно законот, а автобусот без соодветна документација успеал да ја помине царинската контрола. Дали и како се вршат инспекциски контроли во фирмите откако ќе добијат лиценца за превоз на патници? Сузана Фиданска- Стоевска побара одговори на овие прашања од министерот за транспорт Бочварски.
