Мерките за поттикнување на сточарството ја подобрија млечната индустрија

31.03.2014 17:01

Македонските млечни производи добро котираат на домашниот и на странскиот пазар, а за тоа придонесоа и мерките што државата ги презема за равој на сточарството, истакна министерот Димовски при посетата на млекарата Здравје во Василево...

Во Македонија нема нестабилност во производството, но и откупот на млеко. 

Мерките на државата за поттикнување на сточарството направија да се зголеми бројот на овци и млечни крави, рече министерот за земјоделство Љупчо Димовски по неговата посета на погонот на Здравје Радово во општина Василево. Вратена е и довербата меѓу фармерите, смета Димовски.

„Успеавме да го зголемиме стадото на млечни крави и вкупното производство на млеко, коешто благодарение на откупувачките компании во целост се откупува од млекопроизводителите. Воведовме и нови мерки за набавка на висококвалитетни млечни крави“, изјави министерот за земјоделство, Љупчо Димовски.

Македонските млечни производи добро котираат и на домашниот, но и на странските пазари. Млакарата Здравје Радово најголемиот откупувач на млеко во Македонија со дневен откуп на 100 илјади литри сурово млеко, велат од менаџерскиот тим.

„Самото министерство вложи многу во земјоделието, посебно во млечната индустрија. Аналогно на тоа, ние, компаниите вложивме многу во објекти, во производни линии, во суровини, во обука, во луѓе...“, вели Јован Дабовски, генерален директор на млекарницата Здравје Радово.

Млекарницата Здравје откупува млеко од цела источна и централна Македонија и во моментов соработува со над 3.500 кооперанти.

 

Катерина Давчева