Стопанска комора: Ковид- тестовите да не бидат на товар на фирмите
За Стопанската комора целосно е неприфатливо товарот за задолжително тестирање за оние кои не сакаат да се вакцинираат, да падне на товар на претпријатијата, бидејќи тие и така се наоѓаат во лоша финансиска состојба.

Сузбивањето на пандемијата и намалувањето на несаканите ефекти врз економијата е единствено возможно доколку се носат одржливи мерки кои ќе даваат вистински резултати, а не со преодни решенија од кои нема ефект, велат од Стопанската комора на Македонија.
Според нив, со префрлањето на одговорноста и со поставувањето ултиматуми за кои нема правен механизам за спроведување, сите се ставаат во неповолна состојба.
За Стопанската комора целосно е неприфатливо товарот за задолжително тестирање за оние кои не сакаат да се вакцинираат, да падне на товар на претпријатијата, бидејќи тие и така се наоѓаат во лоша финансиска состојба.
Ја повикуваат владата наместо мерки со кои ќе се продлабочи кризата, во наредниот период да се посвети на креирање и имплементација на политики кои ќе донесат заздравување на економијата.
