Автобуска несреќа во Бугарија

Османи: За седум дена ќе заврши идентификацијата на телата

24.11.2021 16:26

Министерот за надворешни работи Бујар Османи соопшти дека започнат е процесот на идентификација на телата на жртвите...

Министерот за надворешни работи Бујар Османи соопшти дека започнат е процесот на идентификација на телата на жртвите од страшната сообраќајна несреќа во Бугарија, во која животите ги исгубија 45 македонски државјани. Треба да заврши за седум дена, па потоа телата на жртвите ќе се транспортираат во Скопје за роднините да може да ги погребаат.